Instead of National Anthem Songtext
von Goran Trajkoski
Instead of National Anthem Songtext
Наполнивме чаши со крвта нѝ братска
Наздравивме, кон небо дигнавме глас
Завиена в книга е пизмата наша
Не ќе падне сомнеж на никој од нас
Пред туѓински праг со распетлани усти
Ред лаги, ред клевети, пласт по пласт
За благослов трижклет со свиени уши
Кај силникот рака целивавме пак
И додека белото знаме се вее
Од ѕвездено небо сребреници, дожд
Го прозвавме Бога за виновник следен
Го стрелавме в чело небесниот свод
Раскречена како на пагански олтар
Вистината преклана кокошка е
Бесмислата цинична крешти парола
Предавството е просветление
И додека белото знаме се вее
Се клешти блудницата вавилонска
Зарикавме ѕверски за правда без Бога
Да синови човечки судат без срам
Објавивме победа синови кутри
Па нека се расчуе низ сиот свет
Дека таму предавникот во Македонија
На раздорот в градина насадил цвет
Наздравивме, кон небо дигнавме глас
Завиена в книга е пизмата наша
Не ќе падне сомнеж на никој од нас
Пред туѓински праг со распетлани усти
Ред лаги, ред клевети, пласт по пласт
За благослов трижклет со свиени уши
Кај силникот рака целивавме пак
И додека белото знаме се вее
Од ѕвездено небо сребреници, дожд
Го прозвавме Бога за виновник следен
Го стрелавме в чело небесниот свод
Раскречена како на пагански олтар
Вистината преклана кокошка е
Бесмислата цинична крешти парола
Предавството е просветление
И додека белото знаме се вее
Се клешти блудницата вавилонска
Зарикавме ѕверски за правда без Бога
Да синови човечки судат без срам
Објавивме победа синови кутри
Па нека се расчуе низ сиот свет
Дека таму предавникот во Македонија
На раздорот в градина насадил цвет
Lyrics powered by www.musixmatch.com
